Новата песна “Гледај ме” на Слаткаристика и атрактивната бугарска пејачка Гери Никол за една недела постигна огромна гледаност од преку 1,8 милиони прегледи.
Музиката е заеднички потпишана од Гери Никол и Слаткаристика, текстот го пишувале Анастасија Мавродиева и Росен Димитров, надополнети со стиховите на Гери и Марко, додека аранжманот e дело наИван Јованов – Ивајо. Режисери на видеото се Георги Салпаров и Симеон Михалков.



