Македонската пејачка Мијата деновиве ја објави новата песна „Невидени“. Песната е на Александар Јовевски кој ги напишал музиката и аранжманот за и Весна Малинова, која е автор на текстот.Режијата и монтажата на видеото со кое е визуелизирана „Невидени“ се на самата Мијата, а во песната и видеото уште учествуваат: Придружни вокали – Наташа Миха, пиано – Александар Јовевски, ударни инструменти – Ратко Даутовски, гитара – Данијел Маодуш (Хрватска).