
Првото светско првенство во тест крикет се одржа во периодот од 2019 до 2021, а истото заврши денес, со петдневното финале, одиграно на ,,Ејџеас Боул” во Саутемптон, Англија.
Во него, силите ги одмерија Индија и Нов Зеланд, кои се бореа за титулата после дискутабилен развој на настаните.
Во полуфиналето, Индија ја елиминираше Англија, додека Нов Зеланд се најде во најголемиот меч, откако на Австралијците им беа одземени поени поради бавно фрлање, а притоа им беше одложена серијата против Јужна Африка, поради КОВИД-19.
Во големото финале, Нов Зеланд ги порази азиските претставници со резултат од 249&140/2 – 217&170 (389-387).
Во двата индиски ининзи, најефикасни беа Аџинкја Рахане и Ришаб Пант со 49, односно со 41 поен.
Од фрлачите на Нов Зеланд, Кајл Џејмисон (7-61) имаше најдобри вкупни перформанси, а по него следуваше Тим Саути (5-112).
Од удирачите на првите светски шампиони, најефикасен во првиот ининг беше Девон Конвеј (54 поени), додека во вториот, најмногу се истакна капитенот Кејн Вилијамсон (52 поени*).
Кај Индијците, со вкупно четири викети, финалето го завршија Равичандран Ашвин (4-45) и Мохамед Шами (4-108).



