
Синоќа, ЛА Клиперс ги совладаа ЛА Лејкерс со 118-94 и дојдоа до третиот триумф во низа на градското дерби на Лос Анџелес.
На мечот, Лејкерс водеа само со 0-2, а веќе од втората четвртина, па сè до крајот, Клиперс ја одржуваа својата предност на просечни +20.
И двете екипи имаа по единаесет стрелци на натпреварот, а од нив, кај Лејкерс, најмногу се истакнаа Кајл Кузма и Монтрезл Херел со 25, односно со 14 поени.
Од редовите на победничкиот состав, Пол Џорџ постигна 24, а Каваи Ленард – 15 кошеви.
На Западот, Клиперс (45-22) го заземаат третото место, додека Лејкерс (37-29) се наоѓаат на шестата позиција.



