Одличниот композитор Никола Мицевски го промовира и својот втор сингл насловен „Time” кој е дел од неговиот албум „Nеw Era”. Како специјален гостин се појавува познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски.
„Time” е инструментална композиција за која музиката и аранжманот ги потпишува самиот Никола Мицевски. Музиката е снимена во студиото „XL Момироски“, додека во видеото како комплетен автор (режија, сценарио и камера) се појавува Даниел Јовески.