Уникс повторно е лидер во ВТБ лигата, откако славеше во драматичен натпревар со Зенит од Санкт Петербург со 91:90. Уникс го искористи киксот на ЦСКА и сега има една победа повеќе.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно беше најдобар на теренот. Тој во победата постигна 32 поена, плус 9 асистенции и 5 скока.




