Машката сениорска репрезентација на Македонија ги дозна своите противници во квалификациите за ЕП 2026 година.
Противници на репрезентацијата на Македонија ќе бидат селекциите на Литванија, Естонија и Словенија.
Пласман на Европското првенство 2026 ќе обезбедат прво и второпласираните од осумте квалификациски групи, како и најдобрите четири селекции кои ќе завршат на третото место.




