На 21 јануари 2016, Адмирал Владивосток, после продолжение, славеше над СКА Ст. Петербург со 3-4.
Оттогаш наваму, СКА триумфираше на сите наредни девет меѓусебни пресметки, вклучувајќи ја и денешната, која заврши со 9-2.
После неполни тринаесет минути игра, домаќините стекнаа предност од 3-0 преку Михаил Воробјов, Антон Бурдасов и Данила Мојсејев.
Овој ,,блицкриг” на ,,Армејците” донесе промена на голманската позиција на Адмирал, каде што наместо Иван Налимов, застана Никита Серебрјаков.
Сепак, 25-годишниот Русин прими уште шест погодоци до крајот, односно два во втората и четири во третата третина.
Овој пат, за СКА, по двапати стрелаа Кирил Марченко и 16-годишниот Матвеј Мичков, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа уште Андреј Кузменко и Евгениј Тимкин.
Во меѓувреме, честа на Адмирал ја одбранија Дмитри Сајустов и Вјачеслав Ушенин, кои намалија на 5-1, односно на 6-2.
После три одиграни натпревари, Адмирал има три порази и ја зазема десеттата позиција на Истокот, додека СКА, со максимален учинок, го држи второто место на Западот.