Во рамките на петтото коло од новата АФЛ сезона беше одиграно градското дерби на Сиднеј помеѓу Сиднеј Свонс и Грејтер Вестерн Сиднеј Џајантс.
Во пресрет на натпреварот, Свонс, заедно со Мелбурн Демонс и со Вестерн Булдогс, беа единствени непоразени екипи.
Сепак, ,,Лебедите” денес загубија за првпат сезонава и тоа во последната минута со резултат од (10.9) 69-71 (9.17).
Имено, ,,Црвените” водеа во поголемиот дел од мечот, а во четвртата четвртина имаа и максимални +21.
ГВС, иако цело врме ја бркаа негативата, со неверојатниот четврти квартал, којшто го добија со 13-30, успеаја да дојдат до втората овосезонска победа.
Најефикасен играч на мечот беше легендарниот Ленс ‘Бади’ Френклин, од поразениот состав, кој постигна пет голови.
Од неговите соиграчи се истакнаа уште Вил Хејвард (3.1) и Том Папли (2.1).
Што се однесува до играчите на Џајантс, Хари Химелберг (2.2), Џереми Финлејсон (2.0) и Тоби Грин (1.7) постигнаа најмногу поени.
На табелата, непосредно по натпреварот, Сиднеј го држеше третото, а ГВС – единаесеттото место.
📸 Mark Kolbe/AFL Photos/Getty Images



