
За првпат во својата историја, екипата на Доркинг Вондерерс ќе игра во англиската Национална лига.
Вондерерс беа вицешампиони на Националната лига Југ и изборија пласман во петтиот ранг како победници на плејофот.
Во финалето, Доркинг го совлада Ебсфлит Јунајтед со 3-2 после продолженија.
Ебсфлит поведуваше во два наврати преку Ракиш Бингам (22′) и преку Крег Танер (90+3′).
Првото израмнување на домаќините им го донесе Џејмс МекШејн (44′), продолженија за делириум на стадионот избори Лук Мур (90+10′), а конечниот триумф го завери Алфи Ратерфорд (98′).
Имено, за Доркинг, ова е вкупно дванаесетта промоција во последните две децении што претставува апсолутен рекорд во англискиот фудбал.
Исто така, клубот од ,,Медоубенк” има балкански фан-клуб и е во пријателски односи со скопски Вардар и со белградски Вождовац.