Негативната низа на Оклахома Сити Тандер се зголеми на дванаесет врзани порази, откако синоќа загубија со 122-116 од Индијана Пејсерс.
Во текот на мечот, Индијана речиси цело време имаше резултатска позитива, но истата воглавно беше едноцифрена.
Од победничкиот состав, Керис ЛеВерт уфрли 28 поени, а дабл-дабл постигнаа Малколм Брогдон (29 поени и 15 скокови) и Ошеј Брисет (23 поени и 12 скокови).
Кај Оклахома, најефикасен беше Дариус Безли со рекорд на кариерата од 26 кошеви, а Мосес Браун имаше дабл-дабл од 12 поени и од 11 скокови.
На Истокот, Индијана (27-31) го држи деветтото место, додека Оклахома (20-39) падна на тринаесеттата позиција на Западот.
📸 Andy Lyons/Getty Images



