Петтата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме” е “Болен ми лежи Миле Поп Јорданов” во изведба на еден од најдобрите македонски пејачи Наум Петрески. “Болен ми лежи Миле Поп Јорданов” е македонска народна песна за која постојат неколку верзии. Николче Мицевски, е автор на аранжманите на целиот проект составен од 12 нумери во изведба на 12 изведувачи.
Дел од „Македонијо во срце те носиме” освен Наум Петрески, Мина Блажев, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски, чии изведби публиката веќе имаше можност да ги чуе, се и: , Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска и Зуица Лазова.