Милвоки Бакс синоќа ја остварија петтата победа по ред, откако ги совладаа Денвер Нагетс со 112-125.
Денвер беше тимот што имаше константна предност две и пол четвртини, но Бакс се консолидираа во последните петнаесет минути и стигнаа до триумфот.
Најефикасен на мечот беше Никола Јокиќ со дабл-дабл од 33 поени и од 12 скокови, а неговиот соиграч Вил Бартон додаде уште 24 кошеви.
Кај Бакс, Јанис Антетокумбо со 30 поени беше најпрецизен, а Крис Мидлтон го заврши мечот со 29 поени и со 12 асистенции.
Со новиот триумф, Бакс (16-8) имаат само една победа помалку од првопласираните Филаделфија 76ерс на Истокот, додека Денвер (12-11) го зазема седмото место на Западот.
📸 sportingnews.com



