Дени Мусовски е новоповикан голгетер во националниот тим на Македонија за следните репрезентативни настапи, а секако неговото присутво може да го радува селекторот Ангеловски, бидејќи Мусовки игра во животна форма.
Мусовски кој е 24-годишен напаѓач на Лос Анџелес на градското дерби против Лос Анџелес Галакси стигнаа до вредна победа во МЛС лигата со резултат од 2:0. Токму македонскиот интернационалец го отвори резултат со 1:0 со гол во 58 минута, а печат и заверка на победата од 2:0 ги постави резервистот Карлос Вела. За Мусовски ова беше вкупно негов петти гол во првенството.



