Давид Тошевски со само 18 години го напушти Работнички и се пресели во редовите на рускиот прволигаш Ростов. Висината на трансферот не е објавена, но руските медиуми шпекулираат дека Ростов платил 1 милион евра за да го доведе македонскиот суперталент во своите редови.
„Можеме да потврдиме дека е постигнат договор меѓу Ростов и Работнички за трансферот на Давид Тошевски. Потпишавме петгодишен договор со овој 18-годишен фудбалер. Му посакуваме добредојде на Давид и му посакуваме блескава иднина во сино-жолтиот дрес“, објави Ростов на официјалната веб-страница.

На официјалниот YouTube-канал на Ростов може да се проследи видео-компилација со настапите на Давид Тошевски во дресот на Работнички и на младинската репрезентација на Македонија.