Сè уште актуелните шампиони на МЛБ, Атланта Брејвс, доживеаја елиминација во четвртфиналето на тековната сезона.
Брејвс ја завршија својата авантура, ,,благодарение” на Филаделфија Филис, кои славеа со вкупни 3-1.
Во четвртиот натпревар, Филис го искористија домашниот терен и триумфираа со 8-3.
После четири ининзи, Атланта беше резултатски во игра (4-2), но во последните четири периоди, Филаделфија направи серија од 4-1.
За победничкиот состав, во листата на поентерите се запишаа Брендон Марш, Алек Бом, Жан Сегура (х2), Џеј Ти Реалмуто, Кајл Шварбер, Рајс Хоскинс и Брајс Харпер.
Од друга страна, последните поени за Атланта во 2022 ги постигнаа Орландо Арсија, Мет Олсон и Тревис д’Арно со по еден хоум-ран.