Дамјан Стоименовски ја објави неговата прва песна “ Те губам”. Музиката и аражманот се на Гоце Симоноски, додека текстот е на Ивана Димова. Зад видео записот стои Владислав Гавриловки, а видеото е снимано на повеќе локации во Скопје.
Дамјан има 20 години и е студент на правниот факлутет “Јустинијан Први”. Дамјан досега има преработено неколку музички нумери. Има учествувано на балканско шоу и има освоено голем број награди на државни натпревари.
Уживајте во оваа прекрасна нумера.