
Младиот Италијанец, Јаник Синер, ќе дебитира во четвртфиналето на Австралијан Опен.
Имено, актуелниот десетти тенисер на светската ранг-листа, во осминафиналето, беше подобар од единствениот домашен претставник во оваа фаза – Алекс Де Минор.
Синер го доби мечот со вкупни 3-0 (7-6 (7-3), 6-3, 6-4) после 2 часа и 38 минути игра.
Во првиот сет, победникот подобро се снајде во тај-брејкот и поведе со 1-0, а за водство од 2-0 му беше доволен само еден брејк во вториот сет.
Во третата партија, Италијанецот поведе со 4-1 во гемови, му дозволи на Де Минор да се приближи до 4-3, но накрај приреди рутински финиш за конечен триумф.
Во наредната рунда, Синер ќе го чека победникот од дуелот помеѓу Тејлор Фритц и Стефанос Циципас.




