„Море сокол пие“ е македонска народна песна за која постојат неколку верзии, а се претпоставува дека првата снимка е направена врз основа на онаа најстарата датирана од 1837 година.
Последната верзија во изведба на Мина Блажев е со потписот на Николче Мицевски, кој е автор на аранжманите на целиот проект. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот се потпишува Скендеровски продукција.
Дел од „Македонијо во срце те носиме“ освен Мина Блажев, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски, чии изведби публиката веќе имаше можност да ги чуе, се и: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска и Зуица Лазова.