Милвоки Бакс и Мајами Хит го одиграа синоќешното дерби на Западната конференција. До победата дојде Милвоки со резултат од 130-116.
Отежнувачка околност за Мајами беше тоа што на теренот ги немаше Џими Батлер и Горан Драгиќ, но сепак, тимот од Флорида доминираше во првото полувреме и во еден момент водеше и со дваесет и три поени разлика.
За Бакс, единствен со дабл-дабл учинок беше Јанис Антетокумбо со триесет и три поени, дванаесет скокови и четири асистенции. Ист број на поени постигна и неговиот соиграч Крис Мидлтон. Со дваесет и еден поен, од Мајами, најефикасен беше Данкан Робинсон.



