„Налеј, налеј“ е македонска народна песна, чии стихови според достапните податоци се напишани во далечната 1903 година и посветени на љубовта на гемиџиите, а за која овојпат аранжманот го потпишува Николче Мицевски.
Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот, кој ги содржи некои од најубавите македонски патритоски песни, стои Скендеровски продукција.
„Македонијо во срце те носиме“ содржи 12 нумери отпеани од 12 изведувачи – меѓу кои освен Миле Кузмановски, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски, чии изведби публиката веќе имаше можност да ги чуе, јавноста уште ќе ги чуе и види и: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска и Зуица Лазова.