„Ми заплакало селото Ваташа“ е македонска песна оригинално напишана и изведена во 60-те години.
Песната која оригинално е изведена од Никола Бадев во 1975 година, повторно стана актуелна по изведбата на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов на последната Златна Бубамара на популарноста.
Текстописец е Лазар Манчевски – Пинџур, кој инспирацијата ја добил од масакрот во Ваташа што се случил за време на Втората светска војна, кога на 16 јуни 1943 година биле застрелани 12 младинци од фаштистичката војска.- Advertisements –
Видеото за „Ми заплакало селото Ваташа“ е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот „Македонијо во срце те носиме“ и во чии рамки се препеани 12 македонски песни. И овој пат аранжманот го направи Николче Мицевски како и за сите песни од проектот.