
Трактор Чељабинск дојде до израмнување на вкупни 1-1 во конференциското финале на Истокот, откако во вториот меч славеше со 4-6 над Металург Магнитогорск.
Натпреварот започна со ,,суша”, која траеше дваесет и две минути за да продолжи со десет голови во преостанатиот дел.
Трактор прв дојде до водство, а Металург израмни во еден наврат и го намали својот дефицит во уште три пригоди.
За победничкиот состав двапати стрелаше Владимир Ткачјов, а по еднаш – Сергеј Калинин, Алберт Јарулин, Кирил Капустин и Томаш Хика.
На спротивната страна, во листата на стрелците се запишаа Анатоли Никонцев, Јегор Јаковлев, Брендан Лајпсик и Николај Голдобин.



