
Во тековната сезона, КХЛ ќе добие нов шампион, откако актуелниот бранител на титулата, Авангард Омск, доживеа елиминација во четвртфиналето.
Имено, ,,Јастребите”, после поразот од 4-0 во ,,мајсторката” од Металург Магнитогорск, ја завршија сезоната со вкупна загуба од 4-3.
Во седмата партија, хокеарите на Авангард упатија 41 шут кон противничкиот гол, но голманот Васили Кошечкин беше стопроцентен за вториот шут-аут во сезоната и прв во тековниот плејоф.
Од друга страна, Металург имаше само 24 удари со реализација од високи 16,67% преку четири различни хокеари – Андреј Чибисов, Филип Маје, Џош Кари и Григори Дронов.
Во конференциското финале на Истокот, Металург ќе ги одмери силите со Трактор Чељабинск, кој беше подобар од Салават Јулаев Уфа со 4-2.