
Од 2018 наваму, Металург Магнитогорск му нанесе вкупно осум порази на Сочи, од кои, последниот датира од денес.
Имено, во ,,Болшој Ајс Дом”, домаќините од олимпискиот град беа надиграни од ,,Лисиците” после пенали.
Во регуларниот дел и во продолжението, резултатот гласеше 2-2, а во пенал-серијата, Металург беше подобар со 2-3.
Најпрво, Павел Шен и Иван Мишченко стрелаа за Сочи, а во третата третина, Металург израмни со двата погодоци на Филип Маје.
Истиот играч, заедно со Никита Коростелев и со Јегор Јаковлев беше прецизен и од пенал, а на спротивната страна погодија Артјом Николајев и Амир Гарајев.
Со новата победа, трета во низа после регуларно реми, Металург го презеде водството во Источната конференција, додека Сочи, со четири последователни порази е последен на Западот.



