
Металург Магнитогорск ја прекина ,,црната” низа од четири порази, откако денес го совлада Барис Нур-Султан со 3-2 после пенали.
Во регуларниот дел од мечот, сите голови паднаа во втората третина со тоа што Барис поведе со 0-2, а ,,Лисиците” го израмнија резултатот.
За гостите, во листата на стрелците се запишаа Нелсон Ножер и Џереми Брако.
На спротивната страна, Филип Маје погоди еднаш од игра и еднаш од пенал, а другите двајца голгетери беа Павел Аколжин и Јегор Јаковљев.
Во Источната конференција, Барис остана на деветтото, а Металург на второто место.