
Металург Магнитогорск избори пласман во четвртфиналето на КХЛ, откако го елиминира тимот на Барис Нур-Султан со вкупни 4-1.
На петтиот дуел од осминафиналната серија, ,,Лисиците” ги поразија претставниците на Казахстан со резултат од 3-1.
Металург поведе во првата третина преку Семјон Кошелев, а во првата минута од третиот период, Барис израмни со голот на Кирил Савицки.
Сепак, до крајот, домаќините уште двапати ја затресоа мрежата на Никита Бојаркин, благодарение на Анатоли Никонцев и на Денис Зернов.
Клубот од Нур-Султан имаше солидна игра во нападот, но помеѓу домашните стативи стоеше Васили Кошечкин, кој одбрани 34/35 противнички шутеви (97,14%).