
Австралиската филијала на Манчестер Сити, Мелбурн Сити, ја освои својата прва титула во А-Лигата.
Имено, ,,Граѓаните” од Мелбурн во финалето ги поразија актуелните шампиони, Сиднеј ФК, со резултат од 2-1.
Истите ривали се соочија и во минатогодишното финале, кога Сиднеј триумфираше со 1-0 после продолжение.
На денешната средба, Сиднеј поведе со 0-1, откако мрежата на Том Гловер ја затресе Коста Барбарусес (21′) со одличен погодок од дистанца.
Само две минути подоцна, на 1-1 за Мелбурн Сити израмни Натаниел Еткинсон, кој биеше неодбранливо во горниот лев голмански агол.
Во 35. минута, фудбалерот за врска, Лук Братан, заработи втор жолт картон и го остави Сиднеј со десетмина на теренот.
Играчката предност ја искористија домаќините, кои направија пресврт во судиското продолжение на првото полувреме со голот од пенал на Скот Џејмисон (45+1′).
Во вториот дел, конечниот резултат, во третата минута од судиското продолжение, го постави Скот Галовеј.