
Во увертирата на дваесет и второто коло од НРЛ, Мелбурн Сторм дојдоа до третата победа во низа и воедно обезбедија плејоф.
Имено, ,,Бурата” од Викторија на гостински терен го ,,обзеде” составот на Пенрит Пантерс, кој е лидер на табелата, со конечни 0-16.
Сите поени на мечот паднаа во првото полувреме, а за половина од нив, задолжен беше Ник Мини (17′).
Освен него, по еден есеј постигнаа уште Брендон Смит (19′) и Давид Нофоалума (30′).




