Торонто Мејпл Лифс синоќа славеа со 1-6 над Едмонтон Оилерс и го задржаа првото место во Северната дивизија со 38 поени после 24 одиграни средби што претставува нов рекорд на франшизата.
Во првиот период, Џими Весеи им донесе водство на гостите, а веќе после вториот дел, Торонто водеше со 1-5.
Единствен стрелец за Оилерс беше Рајан Нуџент-Хопкинс, кој стрелаше за намалување на 1-4.
Од друга страна, за Мејпл Лифс повторно погоди Весеи, заедно со Џон Таварес, со Илја Михејев и со Вилијам Ниландер.
Во третата третина, конечниот резултат го постави Зек Хајмен, кој во четири врзани средби ја затресе мрежата на Едмонтон.
И покрај поразот, Едмонтон остана на третото место со десет бодови заостаток во однос на денешниот ривал.
📸 Julian Avram/Icon Sportswire via Getty Images