Екипите на Кунлун Ред Старс и на СКА Ст. Петербург се соочија во првиот од денешните два натпревари во КХЛ.
Накрај, како победник излезе рускиот претставник, кој славеше со 3-4 после огромен пресврт.
Имено, Глеб Шашков, Кејси Велман и Спенсер Фу му донесоа навидум убедлива предност на Кунлун од 3-0 после четириесет минути игра.
Во третата третина, во интервал од петнаесет минути, СКА потполно го преврте резултатот со по двата погодоци на Малте Стромвал и на Кирил Марченко.
Со првиот триумф после серијата од два порази, СКА остана на второто место на Западот, додека Кунлун е последен тим на Истокот без никакви шанси за плејоф.
📸 Twitter: Kunlun Red Star