Одбојкарската репрезентација на Аргентина во машка конкуренција го освои својот прв медал на ЛОИ после цели 33 години.
Имено, во мечот за третото место, Аргентинците се соочија со најголемиот ривал, Бразил и славеа со 3-2.
По сетови, резултатот гласеше 25-23, 20-25, 20-25, 25-17 и 15-13.
За ,,бронзената” селекција, ова беше петти меч, од вкупните осум, на тековните ЛОИ, кој заврши после петтиот сет.
Од победничкиот состав, дури пет одбојкари имаа двоцифрен учинок, а од нив, најефикасни беа Факундо Конте (21 поен) и Агустин Лосер (14 поени).
На спротивната страна, Валас де Соуза и Лукас Сааткамп постигнаа 17, односно 14 поени.
Во големото финале, силите ќе ги одмерат екипите на Франција и на Рускиот олимписки комитет.