
На 114. издание на велосипедскиот класик ,,Милано – Санремо” триумфираше Матје ван дер Поел.
Холанѓанецот ја помина патеката од 294 километри за 6:25:23 часа у му донесе триумф на тимот на ,,Алпесин-Декојнинк”.
Имено, за 28-годишниот ван дер Поел, ова беше прва победа во 2023 и воедно дванаесетта во кариерата на еднодневните трки.
Миленикот на домашната публика, Филипо Гана (+0:15), го освои второто место, откако беше најбрз од триото што се бореше за подиум во кое се наоѓаат уште Воут ван Аерт (+0:15) и Тадеј Погачар (+0:15).
Во продолжение следуваше втората пратечка група, која доцнеше 26 секунди, сочинета од: Сорен Краг Андерсен, Мадс Прдерсен, Нилсон Паулес, Матеј Мохорич, Ентони Туржис, Јаспер Стујвен и Жулиен Алафилип.