Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1:1 против фаворизираната Белгија во квалификациите за Светското првенство, во меч од Ј групата.
Иако Белгија имаше поголем посед и повеќе обиди кон голот, Македонија создаде поопасни шанси и заслужено стигна до бод. Де Кујпер донесе водство за Белгија во 29. минута, откако претходно Елмас и Алиоски ги погодија стативите во неверојатна акција.
Во второто полувреме, голот на Елмас беше поништен по ВАР интервенција поради офсајд. Македонија конечно израмни во 87. минута преку брилијантен погодок на Алиоски по асистенција од Чурлинов.
Следен предизвик за Македонија е гостувањето во Астана против Казахстан.




