
По петти пат во 2021, Мајами Хит славеа во дербито на Флорида, откако синоќа ги надиграа Орландо Меџик со 93-83.
Меџик водеа само во првата четвртина, а во останатиот дел од мечот, домаќините го држеа водството во свои раце.
Од сите кошаркари, поентерски најрасположен беше Гери Херис од Орландо со 20 поени, а второто место од неговите соиграчи го зазеде Ар Џеј Хемптон (14 поени).
Кај Мајами, дабл-дабл запишаа повратникот Џими Батлер (17 кошеви и 11 скокови) и Турчинот Омер Јуртсевен (16 поени и 15 скокови).
Во Источната конференција, Орландо (7-27) остана на претпоследната позиција, додека Мајами (21-13) го зазема четвртото место.