
Во бразилската Национална футсал лига, екипата на Кашкавел дојде до првата титула, откако во финалето го детронизира актуелниот првак Магнус.
Во првата партија, новите шампиони славеа со 1-3 на гостински терен, а денес, во реваншот, беа убедливи со 6-0 пред своите навивачи.
Атмосферата во Парана, која беше неверојатна и видлива само во Бразил, значително им помогна на домаќините, кои имаа шест гола предност уште во првото полувреме.
Двоен стрелец за Кашкавел беше Рони, Лукас Гомеш постигна еден автогол, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Диегуињо, Густавињо и голманот Деко.
Во вториот дел, Магнус ја презеде иницијативата, но не успеа ниеднаш да ја затресе противничката мрежа.