Првиот дуел од четврт-финалето на КХЛ од Западната конференција го одиграа две квалитетни екипи – ЦСКА Москва и Локомотив Јарослављ.
Накрај, ЦСКА не ја искористи предноста од домашен терен и загуби со 0-2.
Двата погодоци на Локомотив паднаа во третата третина, а стрелци беа Јегор Коршков и Михаил Белјајев.
На голот на победничкиот состав стоеше најдобриот голман на осмина-финалната фаза, Едвард Паскуале, кој го запиша третиот шут-аут во овосезонскиот плејоф.
Во вториот денешен меч, АК Барс Казањ поведоа со вкупни 1-0 против Салават Јулаев Уфа, со победата од 4-1.
📸 Twitter: HC Lokomotiv