„Дел по дел“ e новата песна на момчињата од „Либеро бенд“. Музиката, текстот и аранжманот како комплетен автор на песната ги потпишува тапанарот на бендот – Дејан Стојановиќ, додека миксот е на Иван Јамандиловски, а мастерот на Дарко Димитров.
Видеозапис е во режија на Алек Тасевски кому во реализацијата му помогнал Елмир Шумански. Во продолжение слушнете ја новата песна на „Либеро бенд“ .