
Пред само два дена, менаџерот на Лејтон Ориент, Ричи Веленс, беше прогласен за најдобар тренер во месец август во Лиг 2.
42-годишниот Англичанец го оправда добиеното признание во деветтото коло, кога неговите фудбалери славеа над Рочдејл со минимални 0-1.
За Лејтон Ориент, ова беше прв гостински триумф над Рочдејл после единаесет години, кога славеа со 0-2 во третата лига.
Гостите од Лондон лесно ја оправдаа фаворитската улога и славеа со третиот овосезонски погодок на Џорџ Монкур (35′).
Сепак, домаќините имаа шанса да излезат непоразени од тешкиот меч, но Скот Квигли промаши пенал во петтата минута од судиското продолжение, односно неговиот шут беше запрен од голманот Лоренс Вигору.
На табелата, Лејтон Ориент се осамна на врвот, додека Рочдејл остана на последната позиција.




