Филаделфија 76ерс продолжија со победничката серија и го задржаа првото место на Истокот, откако синоќа, во дербито на денот, ги совладаа актуелните шампиони, ЛА Лејкерс, со 107-106.
Во текот на речиси цел натпревар, 76ере имаа резултатска позитива што накрај можеше да се претвори во победа за Лејкерс.
Сепак, домаќините не дозволија изненадувања и рутински славеа над денешниот ривал после точно една година.
Од гостинскиот состав, ЛеБрон Џејмс (34 поени) и Ентони Дејвис (23 поени) беа најпрецизни кошаркари.
Од друга страна, Џоел Ембиид (28) и Тобијас Херис (24) беа најефикасни во домашните редови, а Бен Симонс уфрли трипл-дабл составен од 17 поени, од 11 скокови и од 10 асистенции.
📸 Twitter: Joel “Troel” Embiid



