Легендарниот Мајк Тајсон (52 години) се враќа во рингот на 12 септември, а негов противник ќе биде уште еден легендарен боксер Рој Џонс Јуниор (51 година). Мечот со поранешниот светски шампион ќе се одржи во Карсон, Калифорнија, во “Dignity Health Sports Park” , а ќе се одвива во максимум осум рунди.
Веста ја потврди и самиот Мајк Тајсон, кој на својот профил на социјалните мрежи објави официјална објава за мечот.