Во 2009, на полуфиналниот меч од АФЛ помеѓу Џилонг Кетс и Колингвуд Мегпајс присуствуваше легендарниот кечер и ,,вистинскиот Американец” – Хулк Хоган.
Натпреварот заврши со резултат од (17.18) 120-47 (6.11) во корист на Џилонг, кои издоминираа во вторите две четвртини.
Сепак, на полувремето, ,,Мачките” водеа со 49-38 што најавуваше возбудливо продолжение, а на паузата, Хулк Хоган јавно го искажа своето мислење и направи индиректна споредба помеѓу австралискиот и американскиот фудбал.
,,Брате, ова е неверојатно. Овие се најјаките спортисти што ги имам видено. Би требало да се најјаките во светот. Немаат заштитна опрема, непрестано се удираат, се здробуваат, повторно стануваат, не запираат, брате. Ова ја засрамува Америка. Ова е одлично.”