
Њујорк Никс се вратија на победничките патеки по трите врзани порази, откако синоќа ги поразија ЛА Клиперс со 110-102.
Претставниците на ,,Големото јаболко” водеа од самиот почеток, па сè до последниот звук на сирената што беше доволно за вториот меѓусебен триумф во низа.
Од победничките редови, најефикасен, а воедно и единствен со дабл-дабл учинок, беше Ар Џеј Берет (28 поени и 14 скокови), а уште 24 кошеви додаде Џулиус Рендл.
Кај Клиперс, две двоцифрени статистики имаше Ивица Зубац (17 кошеви и 13 скокови), а Реџи Џексон уфрли дополнителни 26 поени.
Во Источната конференција, Никс (23-24) го заземаат единаесеттото место, додека Клиперс (23-25) се деветти на Западот.




