
ЛА Доџерс го обезбедија првото место во Националната лига во регуларниот дел од сезоната со учинокот од 107-48 после 155 натпревари.
Синоќа, во дербито на Калифорнија, претставниците на Лос Анџелес славеа над Сан Диего Падрес со минимални 0-1 после дополнителен ининг.
За Падрес (86-69), овој пораз значеше останување на шестото место и комплицирање на своите шанси за влез во плејофот.
На мечот, единствениот поен падна во десеттиот ининг, кога Муки Бетс освои четири бази по ударот на Фреди Фримен што беше доволно за третиот триумф на последните четири меѓусебни пресметки за Доџерс.




