Синоќа, Тампа Беј Рејс дојдоа до третата победа во низа, надигрувајќи ги ЛА Анџелс со 2-1.
За Анџелс, ова беше трет последователен пораз, односно втор од истиот ривал по серијата од три меѓусебни триумфи.
На натпреварот, сите поени паднаа во четвртиот, односно во петтиот ининг.
За Тампа Беј, двапати водство донесоа Харолд Рамирез и Ренди Арозарена (хоум-ран), а за ,,Ангелите” еднаш израмни Ендру Велазкез.
Во Американската лига, Рејс (66-55) го имаат третото место, а Анџелс (52-70) се на дванаесеттата позиција.