
По вторпат на последните три средби, Кунлун Ред Старс примија седум погодоци во рамките на КХЛ.
Имено, во последниот меч од 2021, кинеските претставници загубија со 7-1 од Јокерит, по што следуваше поразот од 1-5 од СКА Ст. Петербург, за денес да бидат надиграни со 1-7 од Северстаљ Череповец.
Северстаљ упати 37 удари кон голот на Џереми Смит, а веќе во втората третина имаше водство од убедливи 0-6.
На две секунди до истекот на вториот дел, Кунлун намали на 1-6 преку Рајан Спраул, а во третиот период, Никита Гуслистов го постави конечниот резултат.
Освен двата гола на Русинот, победа на Северстаљ му донесоа уште: Кирил Пилипенко (х2), Николај Тимашов, Давид Думбадзе и Јоонас Натинен.
Во Западната конференција, клубот од Череповец го зазема петтото место, додека Кунлун остана на дното на Истокот.