Јубилејното дваесетто издание на СП во одбојка во машка конкуренција беше отворено во Љубљана со две екипи од западната хемисфера.
Имено, составот на Куба го намачи фаворитот Бразил и изгуби со конечен резултат од 3-2.
Кубанците ги добија првите два сета со 33-31 и со 25-21, но Бразилците направија пресврт, добивајќи ги наредните три партии (25-16, 25-17, 18-16).
Од победничкиот состав, Валас Де Соуза и Јоанди Леал беа најефикасни со 22, односно со 20 поени, а двоцифрени беа уште Лукас Сааткамп (10) и Флавио Резенде (10).
На спротивната страна, најрасположени во офанзивата беа Хесус Херера со 18, Мигел Анхел Лопез Кастро со 13 и Робертланди Симон Атие со 10 поентирања.