
Кронула Шаркс поврзаа четири победи во низа и неочекувано избија дури до четвртото место на табелата на НРЛ.
Имено, во седумнаесеттото коло, ,,Ајкулите” го поразија третопласираниот тим, Мелбурн Сторм, со 28-6.
Победниците постигнаа дури шест есеи, но Брејдон Триндал погоди само две конверзии за конечна серија од 26-0.
Од неговите соиграчи, топката во противничката енд-зона ја внесоа Џеси Ремиен (11′, 37′, 74′), Блејк Брејли (14′), Роналдо Мулитало (33′) и Сионе Катоа (67′).
Во самиот финиш, Мелбурн дојде до почесни поени со есејот на Алек МекДоналс (79′) и со конверзијата на Ник Мини.