
Третиот овосезонски слалом од Светскиот куп во алпско скијање беше воедно и првата трка во 2023, одржана во Гармиш-Партенкирхен, Германија.
Потполна доминација на патеката ,,Гудиберг” прикажа Хенрик Кристоферсен (1:48,37), кој водеше и после двете серии.
Норвежанецот славеше за првпат сезонава, но го презеде првото место во поредокот на најтехничката дисциплина од денешниот второпласиран – Мануел Фелер (+1,22).
На третата позиција се пласираше Французинот Клеман Ноел (+1,46), а четврт беше победникот на претходниот слалом – Даниел Јул (+1,71).
Најдобро издание во втората серија имаше Италијанецот Стефано Грос (+1,79), кој го заокружи пласманот во првите петмина.