За првпат после осум меѓусебни средби, екипите на ИФК Хелсинки и на КооКоо запишаа реми во шеесет минути игра.
Имено, двата ривали ремизираа со 1-1 во играчкиот дел, а накрај КооКоо се радуваше на победа после пенали.
Двата гола од регуларниот период паднаа во првата третина, а стрелци беа Кале Лопонен за гостите и Алексантери Каскимаки за домаќините.
Во пенал-серијата, единствен прецизен хокеар беше Линус Андерсон при третиот удар.
На табелата, КооКоо скокна на дванаесеттото место, додека ИФК ја зазема деветтата позиција.